Услови за користење
Правилата за резервациите и сесиите во SoundClinic и за користењето на soundclinic.mk. Со тоа што резервираш, се согласуваш со нив.
Последна промена: 19 октомври 2026.
Кои сме
SoundClinic е студио за снимање во Скопје што го води Друштво за производство, трговија и услуги САУНД КЛИНИК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Никола Парапунов бр. 41, Карпош, Скопје, ЕМБС 7509634, ЕДБ 4057021555467 (во понатамошниот текст: „студиото“, „ние“). Студиото е на истата адреса, во деловната зграда Макотекс. Нè добиваш преку формуларот за контакт.
Резервација
- Термин резервираш на soundclinic.mk, со профил или без него. Без профил, ја потврдуваш е-поштата со код што ти го испраќаме.
- Резервацијата важи штом ќе ја добиеш потврдата на е-пошта.
- Сесиите почнуваат од 07:00, последен почеток е во 23:00, а секоја сесија завршува најдоцна во 02:00.
- Најкратка сесија е 2 часа. Траењето се пресметува во цели часови.
- Можеш да резервираш до 30 дена однапред и да имаш најмногу 6 претстојни сесии.
- Резервира лице што има наполнето 18 години. Помлади од 18 доаѓаат само со согласност од родител или старател, кој одговара за нив.
Цени и плаќање
- Цените се во денари. Цената што ја гледаш пред да потврдиш е цената што ја плаќаш.
- Плаќаш во готовина во студиото или на трансакциска сметка. Со картичка не може.
- Опремата на студиото е наведена на страницата на секоја просторија. Дополнителна опрема се доплаќа, по договор.
- Код за попуст се внесува при резервацијата и важи само со профил.
Откажување и промени
- Онлајн откажуваш до 24 часа пред почетокот, преку линкот во потврдата или во твојот профил. Подоцна од тоа, јави ни се или пиши ни.
- За друг термин: откажи го и резервирај нов, или пиши ни и ние ќе го смениме.
- Ако ние мора да откажеме (дефект, болест или нешто што не можеме да го спречиме), ќе те известиме што побрзо и ќе ти понудиме друг термин. Ако е веќе платено, парите ти ги враќаме.
Во студиото
- Сесијата почнува и завршува во резервираното време, и кога доцниш. Ако сакаш да продолжиш и следниот термин е слободен, продолжуваме, а секој дополнителен час се доплаќа.
- Студиото го користиш самостојно: на сесијата нема тон-мајстор (тонец). Ако не знаеш како работи нешто, прашај нè пред сесијата.
- Со опремата ракувај внимателно. Ако нешто не работи или е оштетено кога ќе дојдеш, кажи ни веднаш, пред да почнеш.
- За штета што ќе ја направиш ти или луѓето што ги носиш, плаќаш поправка или замена. Вообичаеното трошење на опремата не е штета.
- Пушењето е строго забрането. Затворени пијалоци и храна се дозволени.
- Можеме да ја прекинеме сесијата ако некој ги крши овие правила или ги загрозува луѓето, просториите или опремата.
- За своите лични работи и за опремата што ја носиш одговараш ти.
Снимки
- Снимките и музиката што ги правиш во студиото се твои.
- За материјалот што го снимаш (на пример, туѓи песни) ти одговараш дека имаш право да го снимаш и објавуваш.
- Снимките ги добиваш по договор: како физичка копија или преку нашиот Cloud систем. Не гарантираме дека ги чуваме по сесијата: земи копија веднаш. Не одговараме за снимки што ќе се изгубат.
Профил и сајт
- Профилот е твој: чувај ја лозинката и не ја давај на други. Можеш да се најавуваш и со Google или Microsoft.
- Профил што се злоупотребува можеме да го оневозможиме.
- Како ги користиме твоите податоци пишува во Политиката за приватност.
Одговорност
Одговараме за штета што ја предизвикале студиото или луѓето што работат за него, во границите што ги дозволува законот. Твоите права како потрошувач според законите на Република Северна Македонија не ги ограничуваат овие услови.
Измени
Условите можеме да ги менуваме. За резервацијата важат условите од денот кога резервираше. Датумот на последната промена е на врвот на страницата.
Право и спорови
Важат законите на Република Северна Македонија. Ако нешто не е во ред, прво пиши ни и ќе се обидеме да го решиме заедно; ако не успееме, надлежен е судот во Скопје.
