Скокни до содржината

За SoundClinic

Студио за снимање во Скопје, основано во 2018 година од браќата Нино и Емил Спиркоски.

Студио што го водат музичари

SoundClinic го основаа браќата Нино и Емил Спиркоски во 2018 година. Свириме, снимаме, продуцираме и правиме финална обработка, и студиото го водиме сами, од првата резервација до последната снимка.

Затоа е направено онака како што ни требаше нам: просториите се подготвени кога ќе дојдеш, опремата работи, а терминот го резервираш за неколку минути, без телефонски повици и без чекање на одговор.

Две простории

  • Просторија за снимање: за бендови, проби и снимање во живо. Тапани, засилувачи за гитара и бас, озвучување и микрофони.
  • Контролна просторија: за снимање, финална обработка и мастеринг. Миксети, монитори и избор микрофони за студиско снимање.

Секоја просторија ја резервираш посебно, а за поголем проект и целото студио: двете простории заедно. Целата опрема е наведена на страницата на секоја просторија.

Секој ден, од 07:00 до 02:00

Избери просторија, ден и почеток, потврди со код што ќе го добиеш на е-пошта, и терминот е твој. Најкратка сесија е два часа. Откажуваш онлајн, до 24 часа пред почетокот.

Твојата сесија

Студиото го користиш самостојно: на сесијата нема тон-мајстор. Ако ти треба финална обработка или мастеринг, резервирај ја контролната просторија, или пиши ни и ќе ја направиме ние. Снимките ги добиваш по договор, како физичка копија или преку нашиот Cloud систем.

Каде сме

Ул. Никола Парапунов 41, Карпош 4, Скопје, во деловната зграда Макотекс. Влезот на паркингот е веднаш позади пекарата „Специјал“ на главната улица.

Мапата се вчитува…

Ул. Никола Парапунов 41, Карпош 4, СкопјеОтвори во Google Maps ↗

Резервирај термин →