Политика за приватност
Кои лични податоци ги собираме, зошто, со кого ги делиме, колку долго ги чуваме и какви права имаш.
Последна промена: 19 октомври 2026.
Кој е одговорен за твоите податоци
Контролор на личните податоци е Друштво за производство, трговија и услуги САУНД КЛИНИК ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Никола Парапунов бр. 41, Карпош, Скопје, ЕМБС 7509634, ЕДБ 4057021555467, што го води студиото SoundClinic. За сè што се однесува на твоите податоци, пиши ни преку формуларот за контакт.
Кои податоци ги собираме
- Кога резервираш: име, е-пошта, телефон (ако го внесеш), твоја белешка за сесијата, како и просторијата, терминот и цената.
- Кога отвораш профил: име и презиме, е-пошта, телефон (ако го внесеш), јазик и лозинка. Лозинката ја чуваме само во заштитена (хеширана) форма, од која не може да се прочита.
- Кога се најавуваш со Google или Microsoft: твоето име, е-пошта и ознаката на твојот профил кај нив. Твојата лозинка за Google или Microsoft не ја добиваме.
- Кога ни пишуваш преку формуларот: име, е-пошта, наслов и порака.
- Кодови за потврда: кодот што ти го праќаме на е-пошта го чуваме само во заштитена форма и важи 15 минути.
- Технички податоци: IP адреса и време кога резервираш, се најавуваш или менуваш нешто, за безбедност и заштита од злоупотреба.
- Мислења за студиото: објавуваме само со твоја согласност и само со името што ти го избра.
Не собираме податоци за плаќање: плаќаш во готовина или на трансакциска сметка.
Зошто ги користиме
- За резервацијата: да ја направиме, да ти ја потврдиме, да те известиме ако нешто се смени и да те добиеме ако треба. Основа: договорот меѓу тебе и нас.
- За профилот: да ги гледаш и откажуваш своите резервации. Основа: договорот.
- За да ти одговориме кога ни пишуваш. Основа: твоето барање и нашиот легитимен интерес.
- За безбедност: да ги заштитиме сајтот и тебе од спам, лажни резервации и туѓ пристап. Основа: легитимен интерес.
- За законски обврски, на пример кога издаваме фактура.
Не праќаме реклами ни билтени, не продаваме податоци и на сајтот нема аналитика, следење ни реклами.
Со кого ги делиме
- MKhost, давателот на нашата е-пошта: пораките што ти ги праќаме (кодови, потврди) минуваат низ нивниот сервер.
- Cloudflare (Turnstile): кога бараш код за резервација, кога пишуваш преку формуларот или кога отвораш профил, Cloudflare проверува дали си човек. За тоа ја обработува твојата IP адреса и податоци од прелистувачот.
- Google и Microsoft: само ако избереш да се најавиш со нив.
- Никому друг, освен ако тоа го бара закон.
Cloudflare, Google и Microsoft може да ги обработуваат податоците и надвор од Северна Македонија, според нивните правила за заштита на податоците.
Каде ги чуваме
На нашиот сервер во Северна Македонија. Резервните копии се на истиот сервер, на двоен диск.
Колку долго ги чуваме
- Резервации и профил: додека го имаш профилот и додека ни се потребни за водење на студиото и за законските обврски. На твое барање ги бришеме, освен она што законот бара да го чуваме.
- Пораки од формуларот: додека ни требаат за да ти одговориме; на барање ги бришеме.
- Дневник на промени (со IP адреси): една година, потоа автоматски се брише.
- Резервни копии: 30 дена.
- Кодови за потврда: важат 15 минути, потоа се бришат.
Колачиња и меморија во прелистувачот
Користиме само колачиња без кои сајтот не работи. Нема колачиња за аналитика, следење или реклами, па затоа не те прашуваме за согласност.
payload-token: ја чува твојата најава (за клиенти до 7 дена).sc-customer,sc-customer-keep: сајтот знае дека имаш активна најава и дали избра „Запамти ме“.sc-oauth,sc-handoff,sc-handoff-ok: најава со Google или Microsoft (неколку минути).sc-app-hint: дали го затвори советот „Додај на почетниот екран“.NEXT_LOCALE: јазикот на страницата, додека не го затвориш прелистувачот.
Додека резервираш, формуларот го чува твоето име, е-пошта и телефон во прелистувачот, за да не ги изгубиш ако страницата се освежи; се бришат штом ја завршиш резервацијата.
Твоите права
Според Законот за заштита на личните податоци, имаш право да побараш пристап до своите податоци, исправка, бришење, ограничување на обработката и копија во форма што може да се пренесе, како и да приговориш на обработката. Согласноста за објава на мислење можеш да ја повлечеш кога сакаш.
Пиши ни преку формуларот за контакт: ќе ти одговориме најдоцна за еден месец. Ако мислиш дека не постапуваме правилно, можеш да поднесеш претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци (azlp.mk).
Безбедност
Сајтот работи само преку шифрирана врска (HTTPS), лозинките се хеширани, вработените се најавуваат со лозинка и код на е-пошта, а пристап до податоците имаат само луѓето што ги водат резервациите.
Помлади од 18
Помлади од 18 години резервираат само со согласност од родител или старател.
Измени
Оваа политика ја менуваме кога се менува начинот на кој работиме со податоци. Датумот на последната промена е на врвот на страницата.
